Со големо задоволство ви го најавуваме новиот и еднинствен настан во Македонија што го организира МАСИТ во партнерство со Адвокатска канцеларија Најденовски. Станува збор за Премиерен настан од премиум категорија, кој ќе се организира како продолжување на настаните кои ги реализиравме минатата година на тема „Вештачка Интелигенција“.
На настанот ќе земат учество врвни професионалци и ексклузивни говорници, на можеби најтрендинг темата – врската и влијанието на вештачката интелигенција (AI) во конкретни индустрии и општествени појави, преку панел сесии и комерцијални презентации.
Ова е одлична можност за вмрежување со докажани професионалци и компании од различни индустрии: ИКТ секторот, пазарот на труд и работна сила, здравство и медицина, дигитален маркетинг, металургија, банкарство и други индустрии.