Анета Антова Пешева е претприемач, филантроп, активист и почесен конзул на Канада во Северна Македонија. Во нејзината меѓународна кариера таа постигна високо признание во корпоративниот сектор, владините и невладините организации. Како профилиран лидер во ИКТ индустријата, таа моментално е претседател на Собрание на Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, како и извршен директор на ULTRA/UNET- една од најстарите ИКТ компании во земјава. Покрај бизнис достигнувањата, Пешева е истакнат активист во полето на женското лидерство, иницијатор на бројни проекти од општествено-социјален карактер и основач на филантопски кампањи наменти за ранливи и социјално загрозени деца.