Спонзорски пакети

Платинум спонзор
Поставување на логото на вашата компанија со премиум позиционирање, со хиперлинк и опис на компанијата, на веб-страницата на конференцијата Издвоена банер - реклама на веб-страницата на конференцијата. Ќе бидете спомнати во шест објави на социјалните мрежи на нашите канали на Facebook, Instagram, LinkedIn и YouTube. Наменска кампања на социјалните медиуми која ја прикажува вашата компанија пред, за време и по настанот. Премиум позиционирање на Вашето лого на сите материјали за настани, вклучувајќи банери, брошури, дигитални екрани, рекламни торбички и печатени материјали. Ексклузивна можност за главен говорник (key note speech) или наменско интервју со модератор. Можност да организирате наменска работилница или сесија во рамки на Конференцијата, зависно од прифаќањето на избраните говорници/учесници. Премиум штанд на одлична локација за Ваши промотивни материјали. Опција/можност да бидете „домаќин“ на поголем настан или сесија во рамките на Конференцијата, како што е гала/ВИП вечера. Ќе Ви бидат достапни широки можности за пласман на производи, вклучувајќи рекламни торбички, поставување производи на бирото за регистрација, на масите во просторот за кафе-пауза и вмрежување и како и можност за демонстрација на производи Можност за ексклузивно брендирање на простор со голема фреквенција на движење на местото на конференцијата. Можност за наменско интервју во еден од партнерските медиуми на МАСИТ. Вклучување во соопштенија за печат пред настанот и медиумско покривање. Можност за избрана статија или реклама во програмата на конференцијата. Истакнато спомнување и промоција на профилот на компанијата во известувањата по настанот. Ексклузивна можност за посредување од страна на МАСИТ при остварување на контакт со посочени гости од присутните. Вклучување во сите видови на медиумски објави по настанот. Десет гратис карти за конференцијата. Пристап до ВИП сесии и ексклузивни настани за вмрежување со клучните лидери од индустријата, во зависност од организираните настани и планираната агенда. Персонализирани состаноци со избрани посетители или говорници на Конференцијата, под услов прифаќање од страна на соговорниците. Индивидуализирани можности за брендирање прилагодени на потребите на вашата компанија. Приоритетна поддршка од тимот на МАСИТ за Конференцијата за какви било дополнителни барања или прилагодувања. Ексклузивен аналитички извештај по настанот, кој детално го објаснува влијанието и бенефициите постигнати со вашето спонзорство.

7.500+ евра

Златен спонзор
Поставување на логото на вашата компанија со премиум позиционирање, со хиперлинк и опис на компанијата, на веб-страницата на конференцијата. Ќе бидете спомнати во шест објави на социјалните мрежи на нашите канали на Facebook, Instagram, LinkedIn и YouTube. На настанот вашето лого ќе биде поставено на банери, брошури, дигитални екрани, рекламни торби и сите печатени материјали. Ќе имате ексклузивна можност за главен говорник (key note speech) или наменско интервју со модератор (fireside chat) Премиум место за штанд за промотивни материјали. Дополнително, можете да бидете „домаќин“ на една од кафе-паузите, со мотото “powered by”. Ќе добиете можност за наменско пишано интервју во еден од партнерските медиуми на МАСИТ. По настанот, ќе бидете видно истакнати во сите објави на МАСИТ поврзани со Конференцијата и ќе добиете можност за посредување од страна на МАСИТ при остварување на контакт со посочени гости од присутните. Ќе бидат достапни широки можности за пласман на производи, вклучувајќи рекламни торбички, поставување производи на бирото за регистрација, на масите во просторот за кафе-пауза и вмрежување, како и можност за демонстрација на производи во просторот предвиден за штандови/реклами. Ќе добиете шест гратис карти за Конференцијата за да ги максимизирате вашите можности за вмрежување.

5.000 евра

Сребрен спонзор
Логото на вашата компанија, со хиперлинк, ќе биде поставено на веб-страницата на конференцијата. Ќе бидете спомнати во две објави на социјалните мрежи на нашите канали на Facebook, Instagram, LinkedIn и YouTube, зголемувајќи го вашиот досег. Можност за поставување на промотивен штанд на компанијата за време на настанот На настанот, Вашето лого ќе биде прикажано на банери, брошури и дигитални екрани. Ќе имате можност за учество на панел дискусија преку ваш претставник, со што се обезбедува платформа за да ја покажете вашата експертиза. Вклученоста во панелот ќе зависи од темата која мора да биде одобрена од организаторот. Ќе имате простор за штанд за промотивни материјали и може да вклучите предмети/материјал во рекламните торби, на бирото за регистрација и на масите во просторот за кафе-пауза и вмрежување. По настанот, ќе бидете видно истакнати во сите објави на МАСИТ поврзани со Конференцијата. Ќе добиете четири гратис карти за Конференцијата за да ги максимизирате вашите можности за вмрежување.

2.500 евра

Бронзен спонзор
Логото на вашата компанија, со хиперлинк, ќе биде поставено на веб-страницата на конференцијата. Ќе бидете спомнати во две објави на социјалните мрежи на нашите канали на Facebook, Instagram, LinkedIn и YouTube, зголемувајќи го вашиот досег. На настанот, Вашето лого ќе биде прикажано на банери, брошури и дигитални екрани. Ќе имате можност да вклучите промотивни предмети во рекламни торби и на бирото за регистрација. По настанот, ќе добиете соодветно место во сите објави на МАСИТ поврзани со Конференцијата. Дополнително, ќе добиете три гратис карти за Конференцијата за да ги максимизирате вашите можности за вмрежување.

1.000 евра

За можностите за учество како главен покровител на настанот, контактирајте не на contact@masit.org.mk

Сите активности кои навлегуваат во промени/адаптација на програмскиот и тематскиот дел на Конференцијата, мора да бидат однапред договорени и одобрени од Работната група за организација на Конференцијата на МАСИТ. Концептот и содржината на презентациите и материјалите мора да бидат доставени до МАСИТ најмалку 10 дена пред Конференцијата.

За членки на МАСИТ се одобрува попуст на спонзорските пакети од 20%.

Спонзорските пакети се изразени по ден, а за учество во двата дена на конференцијата, на спонзорот му се одобрува дополнителен попуст од 50% на вториот одбран ден.

Цените се изразени во евра и се без вкалкулиран 18% ддв, а реализацијата е во денарска противвредност, врз основа на договор за спонзорство.

Слободно обратете се до нас за Вашиот интерес и достапните можности за вклучување.