Д-р
Благој Делипетрев
Консултант за вештачка интелигенција и поранешен научен советник во Научно Истражувачкиот Центар на Европската комисија
Благој Делипетрев е консултант за вештачка интелигенција и поранешен научен советник во Научно Истражувачкиот Центар на Европската комисија, (Joint Reseach Centre) во Испра, Италија, каде што беше еден од одговорните во проектот AI WATCH, придонесувајќи за развој на Европската стратегија за вештачка интелигенција. Тој е специјализиран за генеративна вештачка интелигенција , (large language models) големи јазични модели и влијанието на вештачката интелигенција врз општеството, имајќи повеќе од десет години искуство во истражување за АI и раководење со проекти.
Благој се стекнал со два докторати по компјутерски науки, специјализиран за машинско учење/ВИ и алгоритми за оптимизација од Технолошкиот Универзитет во Делфт, Холандија и за апликации за облак од Универзитетот Kирил и Методиј во Скопје. Има богато академско искуство, како продекан и професор на Факултетот за компјутерски науки, Универзитетот Гоце Делчев. Благој беше поранешен извршен директор и основач на BITT Solutions Унлимитед, компанија за консултантски, софтверски услуги и аутсорсинг и воедно еден од членовите на управниот одбор на МарНет.
Неговите публикации се во областа на вештачка интелигенција, машинско учење, длабоко учење и облак, одразувајќи го неговото сеопфатно знаење и ентузијазам за технолошките иновации. Благој континуирано го применува своето обемно знаење и искуство за креирање решенија со вештачка интелигенција кои имаат значајно и позитивно влијание врз општеството.