Благој Делипетрев е консултант за вештачка интелигенција и поранешен научен советник во Научно Истражувачкиот Центар на Европската комисија, (Joint Reseach Centre) во Испра,  Италија, каде што беше еден од одговорните во проектот AI ​​WATCH, придонесувајќи за развој на Европската стратегија за вештачка интелигенција. Тој е специјализиран за генеративна вештачка интелигенција , (large language models) големи јазични модели и влијанието на вештачката интелигенција врз општеството, имајќи повеќе од десет години искуство во истражување за АI и раководење со проекти.

Благој се стекнал со два докторати по компјутерски науки, специјализиран за машинско учење/ВИ и алгоритми за оптимизација од Технолошкиот Универзитет во Делфт, Холандија и за апликации за облак од Универзитетот Kирил и Методиј во Скопје. Има богато академско искуство, како продекан и професор на Факултетот за компјутерски науки, Универзитетот Гоце Делчев. Благој беше поранешен извршен директор и основач на BITT Solutions Унлимитед, компанија за консултантски, софтверски услуги и аутсорсинг и воедно еден од членовите на управниот одбор на МарНет.

Неговите публикации се во областа на вештачка интелигенција, машинско учење, длабоко учење и  облак, одразувајќи го неговото сеопфатно знаење и ентузијазам за технолошките иновации. Благој континуирано го применува своето обемно знаење и искуство за креирање решенија со вештачка интелигенција кои имаат значајно и позитивно влијание врз општеството.